Струмица ги доби првите 20 полуподземни контејнери

Општина Струмица сврте нова страница во собирањето на комуналниот отпад и хигиената во градот. Набавени се 20 вакви контејнери за мешан комунален отпад со капацитет од 5 метри кубни. Еден ваков контејнер заменува 5 метални стандардни контејнери со капацитет од 1 метар кубен, какви што има во употреба и ќе останат  додека не бидат целосно заменети.
-Полуподземните контејнери ќе бидат поставени на 20 локации во градот, почетно во централното градско подрачје и потоа на периферните делови на градот. Наредната година ќе набавиме дополнителни 20 со што поголем дел од градот ќе биде покриен, а размислуваме и за населените места, информираше градоначалникот Костадин Костадинов.
Како што е најавено, во тек е јавна набавка за специјализираното возило, со што градот прави уште еден чекор напред во заштита на животната средина.