Се асфалтираат двете улици во непосредна близина на средното медицинско училиште во Штип. Станува збор за улиците “Мирче Ацев” и “Трајко Кошевски” кои секојдневно се користат не само од страна на месното население туку и од учениците и наставниот кадар и токму тие ја нотираа потребата од нанесување нова асфалтна маса, потенцираше градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов при увид на градежните активности.
- Овие улици биле амортизирани во текот на изминатите години, потребата ја нотиравме пред се заради големата фреквенција и движење на возила но и на пешаци кои ги користат овие улици. Претходно го уредивме тротоарскиот простор, а по завршувањето на нанесување на асфалтна маса ќе се уредува паркинг површина околу истите улици, истакна Јорданов.
Тој нагласи дека нешто повеќе од два милиони денари од програмата за уредување на градежно земјиште ќе бидат употребени за вкупно предвидените активности на двете улици и додаде дека во текот на наредните денови паралелно со оваа продолжуваат градежните активности и на други локации во градот.