Започнаа подготовките за асфалтирање на улици во населба Балаканска во Штип. Градоначалникот Иван Јорданов на демешната прес-конференција информираше дека денеска се поставува земјен нанос, а во наредниот период ќе се пристапи и кон поставување на првиот асфалтен слој. Општината издвои речиси два милиони денари за реконструкција на улиците, а се предвидува и поставување детско катче и паркова површина.

  • Станува збор за проект кој секоја година го реализираме во приградските населби каде има заборавени улици, кои никогаш до сега не биле асфалтирани. Овде конкретно во населба Балканска ќе се асфалтираат улици во вкупна вредност од 1,8 милиони денари средства од Буџетот на Општина Штип. Се планираат и активности за поставување на детско катче, со детски реквизити, парковна површина, изјави Јорданов.

Тој повика на трпение од страна на граѓаните, бидејќи потребен е одреден временски период за да се задоволат нивните потреби. Додаде дека активности на терен се планирани и во населбите Караорман и Три Чешми, а во рамки на проектот „Штип без кал“.