Со проект од Бирото за рамномерен регионален развој, до автентичен изглед на штипско Ново Село

Поплочување со камени плочи на улицата “Крсте Мисирков” , почна денес во штипско Ново Село.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој денеска беше на увид во градежните работи, истакна дека ова е најавуван проект, а се реализира со средства од Бирото за рамномерен регионален развој.

  • Поплочувањето со камени плочи ќе биде со автентичен изглед. Вкупната инвестиција е од 6,5 милиони денари преку Центарот за развој на Источно планскиот регион и Бирото за регионален развој. Станува збор за проект, којшто во изминатата година го аплициравме, а оваа година започнуваме да го реализираме, рече Јорданов.

Согласно тендерската постапка рокот за реализација е четири месеци, но по завршувањето на главната улица, предвидено е и поплочување и на краците од оваа улица, со што историското штипско Ново Село ќе добие еден автентичен изглед, посочи градоначалникот Јорданов.

Тој најави дека во комуникација е со градоначалниците на  бугарските општини Сандански и Гоце Делчев преку Програмата за Меѓугранична соработка од фондовите на ЕУ да се обезбедат средства и за заеднички проекти, а во кои Општина Штип ќе реализира реконструкција на дел од старите куќи во оваа населба, потоа бањата Кежовица и Лџите.