Дваесет домаќинства и десет индустриски објекти во  населбата Долна Железничка се поврзани со фекална канализација, потврди градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Забележа дека како локална власт го решиле долгогодишниот проблем на жителите од оваа населба. Од буџетот на Општина Штип се инвестирани три милиони денари.

  • Кога влеговме во оваа населба жителите со право и со неверување ја примија веста дека ќе се работи на решавање на проблемот со фекалната канализација, еве после неколку недели сите домаќинства и стопански објекти се поврзани со фекалната канализација, вели Јорданов.

Директорот на ЈП „Исар“- Штип, Кирил Зајков изјави дека ова е ден за паметење за жителите на Долна Железничка, а од денеска како јавно претпријатие ја преземаат оваа инфраструктура, која е изградена со средства од буџетот на Општината.

Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов посочи и дека во оваа населба се работи и на санација на  главната улица, а се поставуваат и детски реквизити за најмладите.