На прием кај градоначалникот Иван Јорданов во текот на изминатите неколку дена беа младите спортски надежи од кик-бокс клубот Гладијатор фајт како и каратистот на КК Штип, Марко Џорлев.
Имено претставници од кик бокс клубот Гладијатор фајт зедоа учество на Балканското првенство во Бар, Црна Гора каде се закитија со два сребрени и еден бронзен медал.
Андреј Алексов и Јован Јанковски од Балканијадата во Црна Гора се враќаат со сребро, додека Марио Алексов се закити со бронзен медал. Тројцата под менторство на Шенол Асанов.
Марко Џорлев пак од КК Штип на балканското првенство одржано во Истанбул, Турција беше најдобар во својата категорија, односно се закити со најсјајното одличје, освојувајќи го златниот медал, што беше повод за средба со градоначалникот Јорданов. Негови тренери се браќата Жарко и Сашко Арсовски.
Учениците од трета година во гимназијата Славчо Стојменски, Марио Ванчоски и Иван Костевски исто така деновиве беа угостени во кабинетот на градоначалникот Иван Јорданов. Повод за нивниот прием беше учеството во националната експедиција која зеде учество на олимпијадата по хемија во Кина, како и изборениот пласман на светската олимпијада по хемија која ќе се одржи во Ријад, Саудиска Арабија во текот на наредниот месец.