После половина век, по барање на жителите започна уредувањето на тротоарските површини на неколку улици во градот.
Градоначалникот Иван Јорданов кој денес изврши увид на градежните активности, потврди дека станува збор за улиците “Никоманска”, “Нобелова” и “Панче Караѓозов”и најави дека ќе се продолжи со активностите од овој тип се до задоволување на потребите на граѓаните.
- Паралелно со овие три улици се работи и на улицата “Панче Караѓозов” на спојот со улицата “8 Април”, каде исто така се уредуваат тротоарските површини со павер елементи, нагласи Јорданов.
Тој посочува дека од кога биле изградени стамбените објекти во овој дел од градот до сега тротоари никогаш не биле соодветно уредени што е главната причина заради која се отпочнало со уредувањето на овие улици.
Околу два милиони денари од општинскиот буџет се издвоени за уредувањето на тротоарските површини на трите споменати улици, а градоначалникот Јорданов најави дека во наредниот период ќе се работи на уредување со павер елементи и во останатите населби во градот, чии жители веќе имаат доставено барања до општината.