Канцер што метастазира и се шири во сите институции, вака штипскиот градоначалник Иван Јорданов ја оцени СДСМ откако една и пол година професорите не можат да полагаат менаџерски испит за да можат да бидат назначени за директори. Вели ова е заробување на образованието само со една цел, да бидат избрани директорите кои за време на СДСМ се стекнале со соодветна лиценца.

– Повеќе од една и пол година Државниот испитен центар го ускратува основното уставно право на секој наш сограѓанин да се стекне со соодветна лиценца, неорганизирајќи полагање, вели Јорданов.

Тој порача дека во следните 10 месеци ќе се справат со притисоците, но оти по смената на власта ќе одговараат за ваквото безредие.

Јорданов најави дека ќе ги информира амбасадите, но вели не е сигурен дека во останатите 10 месеци нешто би се променило.

Во меѓувреме во штипските основни училишта на веќе поставените в.д директорите им истече мандатот за вршење на должност.