Програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2024 година, беше една од усвоените точки на дневен ред на Советот на Струмица. На оваа седница на дневен ред беа и уште четири точки од областа на урбанизмот, меѓу кои и оние кои се однесуваа на определување крајбрежни појаси на водотеци во населените места Вељуса и Баница.
Советниците ги усвоија и трите точки кои се однесуваа на работењето на ЈСП „Струмица – Транспорт“, и тоа: годишната сметка, одлуката за промена на седиштето, како и одлуката за измена на Статутот на претпријатието. На оваа седница беше усвоен и годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2023 година.
На 36 седница на Советот на општина Струмица беа усвоени и годишните сметки со финансиските извештаи на сите основни и средни училишта во општината.