Општина Струмица го доби првиот објект од поранешната касарна во трајна сопственост од Министерството за одбрана. Станува збор за објектот популарно наречен „Инкубатор“. Претставници на Министерството денеска ја посетија општина Струмица и на средбата со градоначалникот, Коста Јаневски освен за примопредавањето на овој објект, разговараа за предавање и на останатите објекти од поранешната касарна. Јаневски со соработниците и претставниците на Министерството за одбрана извршија и увид во предадениот објект во касарната.

Струмица е последната општина која доби имот од Министерството за одбрана во рамките на проектот „Старите касарни за нов локален развој“ од сите десет кои што беа опфатени со проектот.