ЈП “Стипион” во соопштение испратено до медиумите информира дека од денеска започнува со летна наплата на паркинг просторот во градот. Од таму известуваат дека од 01 април користењето на паркинг просторот во Штип ќе се наплаќа во периодот од 07 до 21 часот.
- Поради започнување со летното сметање на времето, наплатата за користење на јавниот простор за паркирање во Општина Штип од 01.04.2024 година ќе се врши од 7.00 до 21.00 часот од понеделник до петок. За сабота, периодот во кој се наплатува за користењето на јавниот простор за паркирање останува ист од 7.00 до 15.00 часот, се вели во соопштението на ЈП „Стипион“.
Инаку паркинг услугата во Штип се напалаќа на три начини, со купување билети, преку испраќање на СМС порака, или се купуваат месечен и годишен билет. Проблемот со слободни паркинг места се решава секојдневно со изградба на нови паркинг простори, а во тек е изградбата на првата катна гаража во Штип.