Претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев посочи дека се врши ревидирање на состојбата со Избирачките одбори, кои треба да ги спроведат претседателските и парламентарните избори 2024 година.
- Активностите на Општинската изборна комисија се однесуваат најпрвин на ревидирање на списокот, односно дали лицата се уште се во работен однос, во институцијата во којашто работат. Дали имаме пензионирање? Дали лицата се заминати од својата работна позиција или имаме некои други причини на кои им престанал работниот однос на членовите на Избирачките одбори. Доколку остануваат лицата во редовен работен однос во администрацијата, тие продолжуваат со својата функција до 2026 година, вели Вацев.
Тој истакна дека Општинската изборна комисија од пред два дена почна со работа и со нови членови, кои доаѓаат како замена на двајца членови кои заминале во пензија.
- Имаме нов член и заменик член на претходно двајца заминати член и заменик член во пензија. Остануваат на територијата на Општина Штип 80 избирачки места. Од претходните избори станува збор за три укинати избирачки места, односно избирачки места кои се под 10 избирачи. Моментално се уште трае увидот во избирачкиот список до 18 март и го чекаме пресокот од Државната изборна комисија да видеме дали ќе имаме некое друго укинато избирачко место, односно избирачко место, кое ќе биде под 10 избирачи, истакна Вацев.
Општинската изборна комсија-Штип треба на териториај на општината да ги организира првиот круг на претседателските избори на 24 април во среда и вториот круг на претседателски и редовните парламентарни избори на 8 мај.