Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица започнаа со реализација на големата ЕКО акција во пресрет на новогодишно – божиќните празници. Во првиот ден од акцијата која што се реализираше во населбата Карпош собрани се 18 метри кубни разновиден отпад.