Нов асфалт добија улици во населбата Први Реон со вкупна должина од околу 900 метри. Со оваа интервенција се реши горлив проблем за жителите од оваа населба, бидејќи улиците беа во многу лоша состојба и не беа реконструирани од нивната изградба, а невремето проследено со поплави, дополнително ја оштети патната инфраструктура во населбата.
Со оваа реконструкција беа опфатени улиците „Голачка“, „Иво Лола Рибар“ и ул. „Јане Сандаски“, како дел од патната инфраструктура предвидена за реконструкција и санација на патната инфраструктура оштетена од невремето во Делчево.
Работите ги изведува ЈП за одржување магистрални и регионални патишта со финансиска поддршка од Владата и согласно со Одлуката на Владата за санација на штетите од невремето во Делчево. Претходно беше санирана улицата „Царевоселска“, а согласно со Одлуката на Владата веќе се работи и на санација на: крак на бул. „Македонија“, булевар „Македонија“ во должина од 420 метри, како и санација на мостот на ул „Индустриска“.