Започна инсталацијата на нови 138 енергетско ефикасни светилки во градскиот парк во Делчево, кои треба да ја постигнат ефикасноста во флукси и да придонесат во потрошувачката на електрична енергија во овој дел од градот. Покрај инсталацијата на светилките, ќе бидат набавени и поставени нови 10 канделабри, 4 клупи и лед- диодни рефлектори за летната сцена во градскиот парк во Делчево.
Работите на терен ги изведува фирмата ИНФИНИТИ ЕНЕРЏИ СОЛУШНС, а во моментов течат земјени работи за поставување инсталација за новите 10 канделабри. За реализација на проектот се обезбедени сите потребни материјали, како и материјали за изработка на клупи и бојадисување на сите столбови во градскиот парк.
Оваа иницијатива е произлезена од бизнис- заедницата и граѓанскиот сектор, а беше прифатена од Општина Делчево. Иницијативата е финансиски потпомогната од Мрежата за рурален развој на Македонија преку Проектот за поддршка на заедницата УСАИД. Вкупната вредност на проектот е околу 2. 500 000 денари.
Со реализацијата на проектот ќе се подобри осветлувањето во централното градско подрачје на Општина Делчево, но ќе се бележи и значителна заштеда, како за потрошена електрична енергија, така и заштеда за одржување.