Предлог – Буџетот пред делчевските советници во понеделник

Предлог-Буџетот на Општина Делчево за 2023 година е на дневен ред на седницата на Советот, закажана за во понеделник. Покрај разгледувањето на предлог буџетот пред советниците е и деветмесечен извештај за работењето на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период јануари  – септември, потоа Акциски план за намалување на последиците од КОВИД 19 кај ромската етничка заедница во пост-КОВИД период на локално ниво Општина Делчево со период на имплементација од 2023 година до 2024 година , Заеднички Локален Акциски план на Општина Делчево и ромската етничка заедница со период на имплементација од 2023 година до 2026 година и Стратегија за родова еднаквост на регионот Делчево, Берово и Пехчево за периодот 2020-2022.