Обезбедување на лични асистенти за децата со попреченост во Струмица и официјално се реализира преку јавно отворениот повик за пријавување на невработени лица, кои се заинтерирани во период од следните девет месеци, почнувајќи од септември, работно да се ангажираат. Повик до сите заинтересирани упати и градоначалникот Костадин Костадинов. Во видео пораката, Костадинов вели дека општината останува доследна на определбата да биде отворена и грижлива општина за сите.
-Дополнително знаете дека сме и првата општина во Македонија во која се отвори клуб за деца и младинци со даунов синдром.
Тие имаат потреба од негувател или негувателка и за истото имаме распишано втор јавен повик. Апелирам да се пријавите, да стекнувате нови вештини, да помагате и заеднички да ја направиме Струмица најпосакуван град за живеење, повика Костадинов.
Јавниот повик може да се најде на овој линк.