“GetExitEd“ повторно ќе се одржи оваа година во Струмица, со утврден датум, 7 септември.
Возбудливата вест ја најави градоначалникот Костадин Костадинов од Нови Сад, кој кажа дека фестивалската програма која ќе понуди регионални и светски познати музички ѕвезди и имиња.
Повеќе детали сподели и Општината Струмица.
-Денес, заедно со основачот на “Exit“, г‐дин Душан Ковачевиќ придружени од музичката ѕвезда Ана Ѓуриќ ‐ Констракта, градоначалникот Костадин Костадинов разговара за потенцијалот и можностите за унапредување и развој на овој настан.
Како предводник на Општина Струмица, одовде, од Нови Сад, градоначалникот посочи дека и оваа година ќе се потрудиме и максимално ќе се вложиме овогодинешниот музички хепенинг повторно да звучи грандиозно и да се чуе надалеку.
Во меѓувреме, пријатели и познаници, љубители на музиката, додека се работи на подготовките на второто издание на“GetExitEd”, зачувајте си го датумот за фестивалот и подгответе се за незаборавно музичко доживување. Уште еднаш да покажеме дека Струмичани се одлични домаќини и дека Македонија и Регионот знаат како вистински да го препознаат квалитетниот музички звук, објави Општината.
Фестивалот “GetExitEd” лани во септември, во пресрет на одбележување на Денот на независноста, го одржа своето прво издание, кое го видоа повеќе од 20.000 посетители. Во Струмица лани настапија една од водечките италијански техно ѕвезди Deborah De Luca, глобалниот хитмејкер, продуцент и DJ Mahmut Orhan, неприкосновената балканска кралица на трапот Senidah и еден од најпознатите DJ-и со интернационална кариера, Kristijan Molnar.