Децата на самохраните родители, кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на државно ниво, ќе може да бидат бесплатно згрижени во градинките „Детска радост“ и „Виножито“. Критериумите се објавени во јавниот повик на сајтот на Општина Струмица.
-Хуманата димензија и поддршката на граѓаните ќе ни биде јака страна и оваа година, посебно кога се во прашање најмладите жители на нашата Струмица. Обезбедуваме бесплатен престој за децата на самохраните родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или невработени лица кои живеат на територија на Општина Струмица, напиша градоначалникот Костадин Костадинов.
Повикот е отворен до 23 јануари, додека изборот ќе го изврши наменски формирана комисија. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.