Струмица со 400 украси, 20-метарска елка и светлосно небо – се подготвува новогодишното градско руво

Светлосно небо долго 600 метри, светлосни украси, декорации за палмите долж булеварите, кои добиваат и доплнително светлосни елементи. Вака ќе изгледа Струмица новогодошно. Центарот на градот веќе е украсен, додека деновиве се довршуваат работите на поставувањето на новогодишната декорација долж булеварите „Ленинова“ и „Маршал Тито“.

Декорации ќе има на фонтаната, општинската зграда, струмичко корзо од Собранието до големиот градски парк, паркот до Собранието и плоштадот.

За украсувањето ќе бидат потрошени четири милиони денари, за што на тендер е избрана скопската компанија „Линк медија.

Централното место за шетање и новогодишно фотографирање, ќе биде плоштадот, каде ќе биде поставена 20-метарска елка.