На последниот работен ден од 2022 година, со мнозинство гласови„ЗА“ советниците на Општина Карбинци го усвоија буџетот за 2023 година. Според позицијата станува збор за развоен буџет во висина од 120.835.000 денари, најголем дел предвидени средства за капитални проекти.
„Морам да потенцирам дека опозиционата советничка група на СДСМ не поднесе ниту еден амандман, не даде ниту еден предлог за проект и делуваше деструктивно,“ изјави градоначалникот на Општина Карбинци, Викор Паунов.