Почнува постапката за реализирање на проектот, со кој локалитетот Баргала , ќе добие нов квалитет во прилог на подобра туристичка понуда.

„Денес и официјално потпишавме договор со Центарот за источен плански регион за проектот кој ќе биде финансиран од Бирото за регионален развој Осветлување, оградување и мапирање на локалитетот ,,Баргала”,’ информира градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.

Во следниов период ќе биде објавен и огласот за избор на изведувач и веднаш потоа ќе се почне со реализација, потенцира градоначалникот.