И по примопредавањето на директорската функција плановите за функционирање на Јавното претпријатие „Стипион“ остануваат исти. Новиот директор Кирил Зајков, вели дека ќе работат на тоа да се реализира планот и програмата на градоначалникот и да се зголеми ефикасноста на претпријатието. Акцентот е ставен на тоа да се подобри безбедноста на граѓаните, а ќе се насочат и кон подобрување на условите за паркирање, како и кон соодветна наплата за паркингот.
-Наследуваме претпријатие кое е во добра кондиција, финансиски стабилно и со голем број реализирани проекти. Тоа ќе ни биде и приоритет во следната година, да продолжиме така, рече Зајков.
И доскорешниот директор Игор Ефимов потврди дека претпријатието го остава во добра состојба, а на идниот директор му посака успех во работата.
– Се наоѓаме на крајот на оваа година и му посакувам следната да биде многу поуспешна од оваа што измина, да постигне повеќе резултати од се она што беше постигнато додека јас бев директор, рече Ефтимов.
Инаку Ефтимов минатата недела си поднесе оставка од функцијата поради лични причини.