Со средства обезбедени од буџетот на општината три згради во Штип, на улицата „Карл Маркс“ ќе добијат партерно и хортикултурно уредување.
Градоначалникот Јорданов рече дека се поставуваат павер лементи и се уредуваат зелените површини пред зградите и изрази надеж дека по уредувањето граѓаните ќе се грижат за она што е направено.
Директорот на ЈП „Исар“ најави дека во наредниот период хортикултурно ќе се уредуваат сите влезови пред станбените згради во градот.
Двајцата, Јорданов и Здравков, ги повикаа граѓаните во пресрет на подготовките за новиот буџет за идната година, да даваат идеи и да пријавуваат каде има потреба од холтикултурно уредување.
– Ги повикувам граѓаните кои живеат во станбени згради да дадат свои предлози и идеи за да може да ги вклопиме во новиот буџет и да влезат во програмата за 2023. Со рационално работење да одвоиме средства да ги преуредиме пристапните влезови на територијата на Штип, рече Јорданов.