Жителите на ул.Кратовска во штипската населба Дузлак од вчера имаат реконструирана улица која ќе им овозможи полесно секојдневно функционирање. Средствата одвоени за оваа улица како што рече градоначалникот Јорданов се околу 600 илјади денари, од општинскиот буџет.
Освен во Дузлак, вчера во рамки на проектот „Штип без кал“ се работеше на три краци од улици во населбата Караорман.
– Овде ќе се врши нанесување на земјени наноси, тампонирање и припрема за асфалтирање. Верувам дека во наредните неколку денови ќе се нанесе и асфалтната маса и жителите од оваа населба нема да газат во кал, рече Јорданов.
Тој најави дека на реконструкција на улици ќе се работи се додека временските, но и финансиските услови го дозволуваат тоа.