Општина Струмица почнува со постапката за изработка на Локална стратегија за млади на општина Струмица со Акциски план за периодот 2023-2027 година во соработка со Центарот за истражување и анализи НОВУС. За таа цел, струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов и претседателот на граѓанската организација НОВУС, Ѓорги Милушев, потпишаа договор за изработка на Локалната стратегија за млади.
Целта на Стратегијата е поттикнување на младите активно да учествуваат во општинските политики низ афирмација и поддршка на младинските активности, работа, неформалното образование и развивање на претприемничките вештини.