Започнаа градежните активности за реконструкција на улицата бр.1 влез во зона Север од Минка до Би Милк. За овој зафат од општинскиот буџет се издвоени 2,7 милиони денари.
-Го слушаме бизнис секторот! Струмица знае, Струмица може и во време на криза да се развива и да обезбедува услови за бизнис секторот, соопшти градоначалникот Костадин Костадинов.
Од активностите во општината издвојуваме викенд – генералка, акција за чистење на градот. Во текот на големата акција, која беше 20-тата генералка, ЈП „Комуналец“ собра 144 кубни метри отпад.
Од општината упатија апел до граѓаните за одговорно однесување кон парковите, зелените површини, тротоарите.
Како што најавуваат, ваквите генералки продолжуваат и во иднина.