На последната седница на Советот на општината Струмица градоначалникот Костадин Костадинов одговараше на советнички прашања. Беше прашан за состојбата со јавните претпријатија и раководењето, како и за начинот на справување со енергетската криза. За разлика од некои други општини, кои кризата ја рефлектираа врз граѓаните преку зголемување на сметките за комунални услуги, Костадинов изјави дека во Струмица нема да има покачување на цените за комунални услуги за струмичани.
Изјави Костадинов, кој одговори на прашањето на советниците од ВМРО ДПМНЕ дали ќе има промени во раководните структури на јавно – комуналните претпријатија. Градоначалникот и’ понуди на опозицијата, да предложи пет имиња за директори.
Рече Костадинов на 14-та седница на Советот на Општината Струмица, каде беа донесени одлуки за се утврдување на работното време и надомест на трошоци за престој на деца во новата градинка „Виножито“, како и годишните планови за вработување за 2022 и 2023 година, повеќе програми и финансиски планови на општинските институции