Општина Лозово, викендов беше домаќин на ,,26 -ти Регионални Пензионерски Спортски игри”.
На овој настан беа присутни повеќе од 250 посетители, од кои голем дел се натпреваруваа во повеќе дисциплини.
„Ваквите настани се доказ дека секоја етапа од животот на еден човек има посебна убавина.Еланот и желбата за физички и спортски активности се за вистинска почит и претставуваат еден убав пример кој дава голем придонес за промоција на спортот и здравите навики во рамки на секојдневното живеење,“ изјави градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветков
фото-фб, градоначалник