Од 14 до 17 јули, годинава, во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија ќе се одржи турнирот, на кој ќе настапат кошаркарските репрезентации М-18 на Македонија, Грција, Бугарија и Црна Гора. Турнирот е во организација на КК „Кожув“ и Кошаркарската федерација на Македонија.
Ова беше договорено на средбата на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, со Перо Антиќ, претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, во Гевгелија.
Со тоа, всушност, беше прифатена иницијативата од страна на гевгелискиот прволигаш и Општина Гевгелија, Гевгелија да биде домаќин на овој интересен Меѓународен кошаркарски турнир на младите кошаркари од соседството. На средбата стана збор околу подготовките на овој значаен спортски настан, кој се очекува да привлече голем број љубители на кошарката во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија.