Во гевгелиските училишта почнаа да пристигнуваат наставните средства по природа

Од 29 ноември кога почна доставата, па се’ до почетокот на март 2022 година, гевгелиските основни училишта ќе бидат обезбедени со наставни средства по природни науки. Во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија веќе пристигна првата достава на дел од наставните средства. Покрај во ова училиште опрема од Министерството за
образование и наука (МОН) е планирана и за останатите гевгелиски основни општински училишта: „Крсте Мисирков“, „Владо Кантарџиев“, „Ристо Шуклев“- Негорци и „Климент Охридски“- Миравци, опремата ќе ја добијат етапно од  Министерството за образование и наука.
Набавката на наставни средства од Министерството за образование и наука е со цел унапредување на образовниот процес во основното образование, препознавајќи ја важноста на изучувањето на природните науки.