Со грант од Светска банка во струмичката населба Софилар во Струмица, изведени се две сервисни улици со тротоари од двете страни, атмосферска канализација и фекална канализација за три колектори. Градоначалникот Костадин Костадинов, при увид на работите, рече дека се инвестирани 26 милиони денари во подобрување на инфраструктурата.
-Искрено, сум многу горд што денеска со моите соработници и учесници во проектот присуствувавме на неговото завршување. Со грант од Светска банка инвестиравме 26 милиони денари во подобрување на инфраструктурата. Изведени се две сервисни улици со тротоари од двете страни, атмосферска канализација и фекална канализација за три колектори, рече Костадинов.
Со овој проект, како што рече Костадинов, е зголемен опфатот на инфраструктурното уредување во населбата и е обезбеден поквалитетен живот за жителите.