Децата на самохраните родители од Струмица и оваа година добиваат бесплатна градинка

И оваа година општина Струмица обезбедува бесплатен престој во градинка на децата на самохраните родители. На иницијатива на градоначалникот, а со одлука на Советот, Општина Струмица преку Јавен повик ги повика родителите да пројавуват интерес за ослободување од плаќање на надомест за престој на децата. Повикот се однесува на  градинките „Детска радост“ и „Виножито“ од Струмица за оваа година.

Ослободувањето се однесува за невработените или родителите кои имаат плата пониска од просечната месечна нето исплатена плата во РСМ. Опфатени се самохрани родители – еден од родителот е починат, еден од родителот е непознат и е дете од разведен брак.

Повикот е отворен до 24 јануари.