Улицата „Сремски фронт” во штипската населба Сењак од утре и во наредните 20 дена ќе биде затворена за сите сообраќајни возила, информираат од Општина Штип.
Од Кабинетот на градоначалникот на појаснуваат дека затворањето на улицата е поради изведување на градежни активности и проширување на крстосница заради добивање на функционалност во сообраќајниот режим.