Парите се обезбедени, во тек е тендерската постапка, по што конечно жителите од селата Фурка, Црничани и Николиќ ќе добијат асфалт со вкупна должина од 3,5 километри.
„Со средства обезбедени од Светска Банка е објавен тендерот од страна на Министерството за транспорт и врски со кој ќе се реконстурираат трите централни улици во с.Фурка, с.Црничани и с.Николиќ со вкупна должина од 3.5км.
По завршување на тендерската постапка, започнува реализација на проектот со што драстично ќе се промени патната инфраструктура во овие населени места,“ информира градоначалникот на Општина Дојран.