(видео)„Сто дена посветено за Гевгелија“ за проектите на новата локална власт

Околу триесетина проекти беа на листата за реализација на новата локална власт во Гевгелија. Градоначалникот Андон Сарамандов, во отчетот пред граѓаните за  сработеното од стапувањето на градоначалничката функција, рече деја почетокот мандатот беше исполнет со многу предизвици, а реализирани се повеќе проекти во интерес на граѓаните.

-Чест и задоволство ми претставува што покажавме дека за само 100 дена нештата можат суштински да се променат кога се работи чесно и одговорно. И тоа, во услови на пандемија и енергетската криза кои се наметнаа како приоритетни задачи. Затоа, еден од приоритетните зафати, на почетокот од мојот мандат, беше намалување на трошоците за електрична енергија. Извршена е целосна замена на старите светилки со штедливи сијалици на територијата на цела oпштина Гевгелија, рече градоначалникот Сарамандов.


Тој наброја и повеќе проекти на кои се работеше во иминатиот период од презамањето на општината:

-Асфалтирана е сервисната улица од локалитет „Милци“ до клучката на граничниот премин „Богородица “, со вкупна должина од 776 метри, со финансиски средства обезбедени од Општина Гевгелија, во вкупна вредност од 9.596.201денари. Во тек е изградбата на улица „Александар Бел“ во с. Мрзенци, со вкупна должина од 1090 метри и финансиски средства во вкупна вредност од 14.559.666 денари, обезбедени од сопствени средства. Ја завршивме започнатата реконструкција на улицата „Методија Антонов Ченто“ во Мрзенци, во должина од 840 метри, со финансиска поддршка од Светска банка, во износ од 9.996.500 денари.

-Изминатите денови, извршена е и реконструкција на улици во Моин. Донесен е ДУП за УБ 16, за поттикнување на локалниот економски развој. Започна реконструкцијата на Младинскиот дом во Прдејци, со доделените средства од ТАВ, а од Општинскиот буџет ќе обезбедиме средства за внатрешно оплеменување и опремување на истиот. За подобрување на безбедноста и условите за престој на децата во образовните институции – обновено е оградувањето во ООУ „Владо Кантарџиев“ и на Подрачното училиште во Мрзенци, со средства обезбедени од блок-дотации. Заради поголема комунална хигиена, исчистени се дивите депонии во Миравци, Смоквица и Серменин.

-Од неодамна ,повторно е ставен во функција Систем 48 часа и воведен проектот „Мојапатрола“, за зголемување на ефикасноста во решавањето на пријавените барања од страна на граѓаните. Во континуитет имам отворен ден за средба со граѓаните бидејќи директната комуникација ми овозможува детектирање на секојдневните проблеми во општина Гевгелија. За збогатување на условите за социјалната заштита, воведена е мерката бесплатен третман на деца со проблеми во вербалната комуникација од страна на логопед. За младите, како водечки столб за идниот развој на општината, спроведени се неколку активности за нивно организирање и образование: формирање на Локално младинско собрание, организирање курсеви по гитара, како и формирање на театарска секција за млади актериод 6 до 14 години.

-Спроведена е и акција за едукација и доследна примена на заштитните мерки од КОВИД-19, во соработка со ОО Црвен Крст- Гевгелија. На моја иницијатива, повторно е формиран Шаховскиот клуб „7 Ноември“, а Гевгелија е повторно присутна на шаховската мапа во Македонија.

Градоначалникот Сарамандов, во отчетот за првите 100 дена од неговото работење, забележа дека  наследил нула основни проекти од претходното раководство и затоа во изминатите 100 дена акцент беше ставен и на изработка на проектна документација за значајни проекти и ги наброја:

– Основен проект за реконструкција на спортската сала ДТВ „Партизан“;

– Основен проект за изградба на голем урбан парк „Топлик“;

– Основен проект за реконструција на стариот објект на „Винојуг“ во Богородица;

– Основен проект за oплеменување на спортското игралиште на улица „Илинденска“ во Гевгелија; – Основен проект за изградба на нов пазар во Миравци; – Основни проекти за реконструкција на старите училишта во Конско и во Серменин;

– Основни проекти за реконструкција на Mладинските домови во: Моин, Кованец, Ново Конско и Смоквица.

Како што рече Сарамандов, мотивот што ја води новата локална власт во Гевгелија е подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

-Ќе покажеме дека со упорност и многу работа оваа наша општина може да биде поубаво место за живеење, кажа Сарамандов.