Општина Штип обезбеди средства за престојот на децата со посебни потреби и ретки болести во градинките. Ваквата одлука како што најави градоначалникот Јорданов е со цел унапредување на положбата на овие деца, а вели ова е само дел од она што ќе се реализира во наредниот период.
– Согласно програмата за активности на општината од областа на социјалната, детската и здравствена заштита за 2022, донесовме одлука со која ќе го обезбедиме правото на партиципација преку покривање на трошоците за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст и тоа согласно следната категоризација: пречки во телесниот развој, интелектуална попреченост, најтешки облици на хронично заболување, оштетен вид или слух, потполно отсуство на говор, аутизам, повеќе видови попречености, деца со ретки болести. Рече Јорданов.
Средствата градоначалникот објасни дека ќе бидат обезбедени од буџетот на општината.