Првото бебе оваа година во Македонска Каменица е третото бебе во семејството Спасевски. Малата Малена Спасевска се роди на 8-ми јануари. Изминатата недела градоначалникот Димчо Атанасовски го посети семејството на Анастасија и таткото Ангелчо и на среќните родители им врачи скромен подарок и чек во износ од 20.000 денари. Овие средства се доделуваат согласно Правилникот за исплата на парични средства за новородено дете.
-Посакувам оваа година да биде рекордна по број на новородени деца, а мојот тим веќе работи на нови Програми со кои би им помогнале на младите родители, а воедно и би ги мотивирале младите да остануваат и да работат во Македонска Каменица, рече градоначалникот Атанасовски.