Со свежо цвеќе на спомен обележјата во Нов и Стар Дојран, дојранчани им оддадоа почит на загинатите борци од НОБ кои ги дадоа животите за да можат нивните поколенија да живеат во слобода. Општина Дојран го одбележа денот на ослободувањето.

По повод празникот на Општината  беше одржана свечена седница на Советот каде беше одлучено со плакети и благодарници да бидат наградени поединци и здруженија кои дале посебен придонес за развојот на нашата општина.
Д-р Драгица Тончева прими плакета за особен придонес, несебично залагање и посветеност во работата како долгогодишен лекар во општина Дојран.
Здружението на пензионери прими плакета и благодарница за особен придонес во афирмација и промоција на општината.
Плакети и благодарници добија и Фудбалскиот клуб “Џокер” од с. Фурка и Доброволното противпожарно друштво Дојран, за нивната посветеност во справувањето со пожари и други природни непогоди.

Убавиот ден беше искористен за убав повод, свечено отварање на рановираната и реставрирана Саат кула во Стар Дојран.

Денот на ослободувањето го одбележаа и други настани, Крос на учениците од ООУ„ Кочо Рацин“, како и доделување на награди за ученици.