Советот на Општина Пробиштип го усвои буџетот за 2022 година кој ќе изнесува 181.578.000 денари.
Според градоначалникот на градот, Драган Анастасов, буџетот е креиран врз основа на реални барања и потреби произлезени од граѓаните.
– Буџетот е проектиран за да обезбеди реализација на капиталните инвестиции во делот на патната и комунална инфраструктура, вклучувајки ја развојната компонента во делот на економијата, заштитата на животната средина, подобрување на социјалната заштита, образованието, културата и спортот, рече Анастасов.