Крушево е целосно подготвено за новогодишните празници. Сите капацитети се исполнети, се бара место повеќе, велат од локалната самоуправа.
„ Тустистите веќе пристигнуваат, но големиот бран се очекува утре, 31 декември. Очекуваме туристи и висока посетеност се дури по Божиќ,“ вели Сотир Гебеловски од општина Крушево.
Во врска со она што може да се очекува за време на викендот, Гебеловски вели дека општината ја препуштила организацијата на дочекот на Нова Година и другите содржини на локалните угостители, се со цел да се овозможи тие, на еден начин да ја минимизираат огромните загуби што ги имаа од ковид пандемијата.
„ На овој начин ќе им се овозможи да имаат повеќе гости и да генерираат поголеми приходи“, додава Габеловски.
Утре во центарот на градот ќе има денска забава со диџеј во организација на еден од локалите. Сите угостителски објекти, ресторани и кафулиња се подготвени со свои програми да ги угостат своите посетители, нудејќи им несекојдневни доживувања.
Што се однесува до снегот, тој веќе почна да се топи, вели Галабовски, а и прогнозите велат дека температурите ќе растат.
„Снег има уше на скијачките терени но и тој постепено се топи, но добро е што ќе има сонце, ќе има убав време па сите ќе можат да си поминат убаво, за прошетки и многу други содржини,“велат од крушевската локална самоуправа.