Од скопската Зоолошка градина споделија видео од една од највозрасните жителки, а тоа е баба Мими.
Бидејќи станува збор за возрасно животно, таа ужива во јамболии и ќебиња, бидејќи и самата нејзина возраст тоа го бара, за што потопла зима. Па од Зоолошката градина повикуваат сите граѓани кои имаат по дома стари јамолии и ќебиња доколку немаат потреба од нив да ги донираат за Баба Мими.
Во објавата на Фејсбук, стои:
„Една од нашите највозрасни жителки- Баба Мими секогаш ни ги топли срцата. Мимушка обожава јамболии и ќебиња и кога е најтопло и кога е студено. Затоа, доколку имате по дома, а не ви се потребни или се стари, можете во секое време да ги донесете во Скопје ЗОО. Оваа прекрасна дама многу ќе се израдува“, стои во објавата од Зоолошка.
Погледнете од видеото како изгледа живеалиштето на Баба Мими: