Општина Крушево доби ново возило за собирање на смет. Возилото го обезбеди Владата, а се’ со цел заштита на животната средина.
„Со одлука на владата од 14 декември, општина Крушево добива нов камион за собирање на отпад и теренско возило. Оваа одлука е во рамки на подобрувањето на системот за заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку јакнење на институционалните капацитети за комунални услуги и заштита и безбедност на граѓаните, нивните материјални добра и природното и културно наследство,“ информира градоначалникот на Општина Крусево, Томе Христоски.
Доделените средства изнесуваат 15 868 400 денари, а во оваа ставка спаѓаат општините Битола и Демир Хисар.