Од 29 ноември кога почна доставата, па се’ до почетокот на март 2022 година, гевгелиските основни училишта ќе бидат обезбедени со наставни средства по природни науки. Во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија веќе пристигна првата достава на дел од наставните средства. Покрај во ова училиште опрема од Министерството за
образование и наука (МОН) е планирана и за останатите гевгелиски основни општински училишта: „Крсте Мисирков“, „Владо Кантарџиев“, „Ристо Шуклев“- Негорци и „Климент Охридски“- Миравци, опремата ќе ја добијат етапно од Министерството за образование и наука.
Набавката на наставни средства од Министерството за образование и наука е со цел унапредување на образовниот процес во основното образование, препознавајќи ја важноста на изучувањето на природните науки.