Почна бетонирањето на улични краци во Гевгелиско

Гевгелиското село Богородица е првото од листата на населени места дел од пролетната акција за бетонирање на уличните краци. Неделава почна бетонирањето на неколку краци во две улици, каде се работи согласно годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Гевгелија.

Од општинската служба соопштија дека акцијата продолжи и по другите населени места на територијата на Општината.

– Акцијата ја реализираме со цел на граѓаните да им обезбедиме соодветни услови кои ќе го подобрат нивното нормално секојдневно функционирање, рече градоначалникот Андон Сарамандов, кој посочи дека паралелно со оваа активност почнала и акцијата за санација на оштетените улици и најпрометните сообраќајници на територијата на општина Гевгелија.