„Symbiotics“ е првата заедничка изложба на Филип и Ангел Коруновски, визуелни уметници со разноликост во нивните портфолија, а слични во нивната физономија.
На изложбата во галеријата на МКЦ која е отворена од 23 ти ноември до 4 ти декември, претставени ќе бидат 40 дела работени во комбинирани сликарски и цртачки техники. Сите дела се работени на квадратни платна и се рефлексија на чувствата и размислите на уметниците во контекст на апстрактната уметност и акционото сликарство во насока на личното современо доживување на општеството.
Фотографија: Фејсбук МКЦ