Рекреацијата е секогаш добредојдена, дали ќе биде на велосипед по скопските вело патеки или кејот, важно е да одржувате континуитет и да водите здрав живот. Но кога станува збор за рекреација пешчење или рекреативно трчање, Градскиот парк е погоден за тоа. Таму помеѓу густото зеленило во близина на кејот сместена е спортската тартан патека и е како измислена за сите оние професионалци или рекреативци кои внимаваат на своето здравје и кондиција.