Обележан паркинг места, јавен тоалет, пристапни рампи до јавни и приватни објекти, вети градоначалникот Анго Ангов на средбата со лицата со телесен инвалидитет од општините Гевгелија, Богданци и Дојран.
Тој деновиве се сретна со членовите на Здружението на телесни инвалиди за овие три општини.
„Општината ќе се зафати со активности за создавање услови за удобно и пријатно чувство на телесните инвалиди за време на нивниот престој во Дојран,“ изјави Ангов
Посочи дека низ конструктивен разговор заедно ги мапирале проблемите кои без поголеми финансиски издатоци ќе го направат Дојран поинклузивен и погостопримлив за оваа категорија граѓани.
-Договоривме долгорочна соработка и потпишување меморандум со кој денешните предлози ќе станат реалност во блиска иднина. За лицата со попреченост ќе обележиме паркинг места, ќе обезбедиме јавен тоалет за лица со инвалидитет, а ќе изградиме и пристапни рампи до јавни и приватни објекти во Дојран кои беа посочени како приоритетни, рече Ангов