Скопјани и сите љубители на природата и велосипедизмот овој викенд може да го искористат за адреналинска рекреација на новата велопатека „Flow“, наменета за надолно движење со која се комплетира трасата Скопје – Средно Водно – Скопје со обезбеден простор за движење на велосипедистите, комплетно одвојувајќи ги од планинарите и останатиот сообраќај, информираат од Град Скопје.
 
„Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и истата ја прати природната конфигурација на теренот, без да ја нарушува природната средина. Со просечна стрмнина од 6%, патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“, истовремено безбедна за употреба од страна на сите генерации, но апелираме истата да се користи исклучиво со соодветна заштитна опрема“,стои во објаснувањето за втората велопатека на Водно.

За сите љубители на природата утре на Средно Водно ќе се одржи вториот Фестивал за алтернативен туризам. Настанот е со почеток во 10:00 и учество земаат сите најголеми дистрибутери на велосипеди и велосипедска опрема, а ќе биде пропратен со добра забава.