Станува збор за патека која започнува од Полициската станица на Водно во должина од 3,5 километри, ширина 3 метри и која е наменета само за во еден правец (нагоре), а како крајна дестинација е Средно Водно.
„Еве предлог идеја како да ги искористите претпладневните часови од викендот.
Посетете ја првата uphill off road велопатека на Водно што е со вкупна должина од 3,5 км. Оваа велосипедска патека е совршената дестинација за сите љубители на природата кои сакаат вистински предизвици“, напиша во објавата скопскиот градоначалник, Петре Шилегов на Фејсбук.